Popp Smoke sensor 10Години

POPE009402
Popp
7.970мкд
Вклучено ДДВ: 1.216мкд (Данок на додадена вредност)
Статус: По нарачка
Детекторот за чад на POPP воведува нови стандарди во безбедноста на домувањето.

Постојат повеќе причини за настанување на пожар, отворен пламен како свеќи, камин и слично, уреди кои се загреваат, пегла, шпорет и слично како и различни електрични уреди.

Детекторите за чад можат да спасат животи. Кога се работи за пожар секоја секунда е важна и секако брза и навремена информација е секогаш најдобра заштита од пожар. Детекторот при најмал пожар или чад веднаш ја активира вградената сирена и воедно испраќа сигнал до мрежата за активирање на останати уреди. Преку контролерот известување се испраќа и до сите корисници на нивните моблни телефони.

Овој уред е првиот детектор за чад кој ја има ознаката Q-label (Vds 3131) за продолжен квалитет заради интегрирана батерија со век на траење до 10 години

Покрај главната функција сирената од вој уред може да се контролира индивидуално и да се активира во склоп на алармниот систем (при детекција на провала, поплава и др.)

Веб страната користи cookies.