Popp Z-Wave Gateway

POPE008900
Popp
13.517мкд
Без ДДВ: 2.433мкд (Данок на додадена вредност)
Статус: По нарачка
Мал, интелигентен и супер паметен


Контролерот на Popp е компактен IP Gateway, опремен со најновата Z-Wave технологија. Ова овозможува комплетна и едноставна контрола на вашиот дом преку користење на далечинска контрола, бежични прекинувачи, мобилен телефон, таблет и персонален компјутер.

Popp контролерот може да контролира до 230 Z-Wave уреди од најразлични производители. Преку неговиот интерфејс самиот корисник може да создава најразлични сценарија и автоматизирани дејствиа. Сето ова Вам ви овозможува да вклучувате уреди во одредено време, да ги димувате сијалиците според светлината, да ја наместите совршената температура во просторијата и многу повеќе.

Благодарение на апликацијата која е достапна за iOS и Android преку вашиот мобилен телефон ќе имате 24часовен увид на се што се случува во вашиот дом и воедно контрола на истиот. Без разлика на вашата локација ќе имате увид во собните температури, потрошувачката на енергија, влажноста итн. како и контрола на уредите, вклучете ги светилките, греењето, клима уредот, кафематот, бојлерот итн.

Покрај контрола на Z-Wave уреди Popp контролерот има опција и за контрола на ИП камери и други IP уреди.

Веб страната користи cookies.