Everspring Door/Window sensor

EVR_HSM02
Everspring
3.017мкд
Без ДДВ: 543мкд (Данок на додадена вредност)
Статус: По нарачка
Овој сензор детектира дали вратата/прозорецот е отворен или затворен. Уредот е составен од главна единица и магнетен елемент. Еден од деловите се монтира на подвижниот дел од презорецот или вратата додека другиот на статичниот дел. Фиксирањето може да се изврши со завртки или со двојнолеплива трака. Уредот е напојуван од страна на батерија и воедно е неактивен додека не се детектира промена. Може да се програмира да биде во мирувачка состојба до одреден временски интервал при кој се буди и испраќа информација за состојбата за потоа повторно да се стави во мирувачка состојба. Батеријата може да се замени без да се отстрани уредот кој ќе Ви даде визуелна нотификација како и нотификација до системот кога тоа ќе биде потребно. Преку овој уред може да се контролираат до 5 независни модули (клима уред, греење, аларм, светилка итн). Моќната литиумска батерија (CR123) во нормални услови на работа ви овозможува 3 до 5 години век на траење на истата.

 

Веб страната користи cookies.